Трговијата со луѓе заради трудова експлоатација е сложена појава којашто бара одговори од различни правни полиња кои се вкрстуваат – кривично правосудство, човекови права, емиграција и трудово право. Државите имаат обврски да ги исполнат меѓународните стандарди во секоја од овие области. Почитувањето и унапредувањето на човековите права се важен дел од една сеопфатна стратегија на борбата против трговија со луѓе.
Северна Македонија не е изземена од мапата на трговијата со луѓе заради трудова експлоатација. Она што е најважно е како да ја препознаваме трудовата експлоатација, за да можеме да и се спротивставиме!